ЗИМСКО УТРО, СОНЧЕВ ДЕН Температурите ќе се искачат до 15 степени
Метеоролозите најавуваат сончево време со мала до умерена облачност, утринска магла на повеќе места и слаб до умерен северен ветер.
Метеоролозите за утре нѐ информираат дека ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од – 4 во Берово до 3 во Гевгелија, а максималните дневни од 9 во Берово и 15 Целзиусови степени во Гевгелија.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Температурата ќе се движи од -2 до 11 степени.
В понеделник нѐ очекува сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од -4 степени до 4 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 9 степени до 15 степени.
Метеоролозите за во вторник најавуваат дека ќе биде сончево и релативно топло со умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од -4 степени до 3 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 8 степени до 14 степени.