ЗИМСКО УТРО, ПРОЛЕТНО ПОПЛАДНЕ Нестабилен температурен шок најавуваат метеоролозите
Стабилно и суво време ќе продолжи и во наредните денови. Утринските часови ќе донесат минусни температури и магла во котлините, додека преку ден ќе преовладува сончево време со слаб јужен ветер и температури до 24 степени.
Метеоролозите велат дека утре стабилното време продолжува понатаму. Во четврток утрото ќе биде постудено со услови за утринска магла по одделни котлини. Преку ден сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од -3 во Берово до 4 во Гевгелија, а максималните дневни од 15 во Маврово и 21 Целзиусови степени во Гевгелија.
Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од 2 до 17 степени.
В петок претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од -1 степени до 6 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 16 степени до 22 степени.
Метеоролозите за во сабота велат дека претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од 1 степен до 7 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 16 степени до 24 степен.