ЗИМСКО СОНЦЕ И СТУДЕНО ВРЕМЕ Минималните температури паднаа на -10

Во Скопје утрово ќе биде променливо облачно, преку денот сончево со слаб до умерен ветер од северен правец, со максимална температура до 3 степени.

338

Студен декемвриски ден со минусни температури и мали сончеви периоди најавуваат метереолозите за денеска. Утрото ќе биде променливо облачно и студено, а преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималните температури во текот на ноќта паднаа и до -10 степени во Маврово и во Берово. Дневните температури ќе се движат во интервал од -2 во Пелагонија, до +8 степени во Гевгелија, информираат од УХМР.






Во Скопје утрово ќе биде променливо облачно, преку денот сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура во текот на денот ќе достигне +3 степени.

Поврзани содржини