ЗИМСКИ ДЕН БЕЗ МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ Обилен дожд во Источна Македонија, 15 сантиметри снег на планините

Во Скопје времето утре ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

645

Врремето утре ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.

Наместа во источните делови од Македонија врнежите ќе бидат пообилни, во количина над 25 литри на квадратен метар во период од 24 часа. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.






Утринските температури секаде ќе бидат над 0 степени. Најстудено ќе биде во Берово, каде ќе се спушти до 1 степен, а најтопло во Гевгелија и во Демир Капија, каде ќе се искачи до 9 степени.

 

Фото: УХМР

Во Скопје времето утре ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 3 до 6 степени.

Под влијание на влажен бран во следните два дена ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 25 л/м2 за 24 часа). На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка до 15 сантиметри.

Поради спуштање на постуден воздух од север, во четврток врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места.

Од петок времето ќе се стабилизира.

Фото: УХМР
Поврзани содржини