ЗИМСКАТА БАЈКА ВО БЕЛГРАД СЕ ПРЕТВОРИ ВО СООБРАЌАЕН КОЛАПС Снегот уште не е исчистен, граѓаните бараат одговорност

Возрасните брзаа на работа низ снежни блокади, додека децата се радуваа на снегот.

2,859

На вториот ден од Божиќ Белград осамна како под волшебна покривка од снег. Од Карабурма до Миријево, од центарот до Медаковиќ, белата тишина го замени вообичаениот градски метеж. Но, зад убавината се крие сообраќаен  хаос.

Повеќе автобуски линии беа пренасочени, а тролејбусите целосно запреа. Луѓето на социјалните мрежи реагираат дека снегот уште не е исчистен.






Возрасните брзаа на работа низ снежни блокади, додека децата се радуваа на снегот.

– Со години не се памети ваков снежен ден во српската престолнина – велат најстарите белграѓани.

 

Според информациите од Градското сообраќајно претпријатие, 1.445 возила биле на улиците, но не сите успеале да се движат според редовниот распоред. Делниците по улиците 17 Октомври и Адмирал Гепрат биле непроодни. Линиите 25, 26 и 42 се движеа скратено или по изменета траса, додека 78 и 83 се прилагодија на условите.

 

 

– Неколку линии мораа да бидат прекинати или пренасочени, особено во високите делови на градот – изјавија од ГСП за агенцијата Танјуг.

Од утрово, јави РТС, сообраќајот се нормализирал на некои делови откако возилата биле извлечени од улицата Тодора Дукина. Сепак, тролејбусите не сообраќаа, беа заменети беа со автобуси со исти броеви.

Снегот предизвика огромна штета и во селата низ Србија, кои се без електрична енергија веќе пет дена, а во некои дури и без вода. Вонредна состојба е прогласена на неколку места. И покрај сето ова, премиерот  на Србија вели дека засега нема потреба од итни мерки.

Поврзани содржини