ЗИМСКА БАЈКА КОЈА ЌЕ ВЕ ОСТАВИ БЕЗ ЗДИВ Неверојатна глетка на замрзнатите водопади на Нијагара (ВИДЕО)
Секоја секунда се слеваат неверојатни 3.160 тони вода по Нијагарините водопади, што значи дека целосното замрзнување е невозможно поради огромниот волумен на вода. Наместо тоа, површинските води и маглата често замрзнуваат, пишува New York Post.
Делови од Северна Америка беа зафатени од ледени денови со рекордно ниски температури, а Нијагарините водопади беа речиси замрзнати.
Оваа глетка на речиси замрзнати водопади во источниот дел на Северна Америка, на границата меѓу САД и Канада, предизвика воодушевување кај посетителите, а на фотографиите и видеата направени од воздух може да се забележи дека изгледаат како зимска бајка.
Секоја секунда се слеваат неверојатни 3.160 тони вода по Нијагарините водопади, што значи дека целосното замрзнување е невозможно поради огромниот волумен на вода. Наместо тоа, површинските води и маглата често замрзнуваат, пишува New York Post.
Арктичката зимска бура што го погоди поголемиот дел од средниот запад и северниот дел на САД однесе 63 животи.
Екстремните временски услови за време на викендот ја спуштија температурата под нулата, а најлоша беше ситуацијата во Бафало, на околу 40 километри од Нијагарините водопади.