ЗИМАВА ЌЕ СЕ ГРЕЕМЕ СО РАКИЈА Ако нема струја, набавете жолта
По најавите дека зимава не очекуваат рестрикции на струја, барајќи алтернaтива за греење, се сетивме на старата добра домашна ракија. За ова зборувавме со Јорде Јованов, првиот индивидуален земјоделец што доби акциза - дозвола за пласман на алкохол, во февруари оваа година.
„Во нашето пошироко семејство и од двете страни и кај сопругата и кај мене, сите наши дедовци вареле ракија и сведоци сме на тоа дека ракијата лечела сé, се користела како средство за намалување на температурата, за дезинфекција, за чистење прозори, како афтершејф, за загревање, за ублажување на забоболка … “, вели нашиот соговорник Јорде Јованов, првиот индивидуален земјоделец што доби акциза – дозвола за пласман на алкохол, во февруари оваа година.
Тој се согласува дека ако ни претстојат рестрикции на струја, тогаш не ни преостанува друго, освен да се загрееме со по чашка домашна ракија.
Прочитајте го целиот текст на порталот „Арт кујна“.