Зимата вистински почнува овој викенд, ќе има снег во повисоките населени места

Утринските температури од петок до недела ќе се движат од минус еден до пет степени, а дневните ќе бидат во опаѓање и во петок ќе се движат од 9 до 14, во сабота од 6 до 13 и во недела од три до 10 степени.

423

Снег на повисоките населени места во западните и северните делови, се очекува за време на викендот, информира  УХМР.

Времето до петок ќе биде стабилно, а од петок попладне до недела ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, на планините со снег. Поради продор на студена воздушна маса од север во сабота кон крајот на денот висинската граница на снежните врнежи ќе се спушти и под 1000 метри па особено во западните и северните делови од земјата ќе има снег на повисоките населени места и понекаде ќе провејува и на пониските места.






Утринските тепмератури од петок до недела ќе се движат од минус еден до пет степени, а дневните ќе бидат во опаѓање и во петок ќе се движат од 9 до 14, во сабота од 6 до 13 и во недела од три до 10 степени. Следната работна недела ќе почне со пониски утрински темпратури кои на одделни места ќе се спуштат до минус пет, дневните ќе бидат од четири до 13 степени.

Поврзани содржини