Зидан пред дуелот со Интер: Секој следен натпревар за Реал е финале

274

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ги сподели своите очекувања за натпреварот од 3. коло во Лигата на шампионите против Интер.

– Интер е добар тим. Тие ставаат голем акцент на физиката и играат фудбал добро. Не чека уште еден тежок натпревар. Ова ќе биде уште едно финале. Впрочем, за нас до крајот на групата секој  мече е финале. Ние го знаеме ова и ќе се обидеме внимателно да го играме натпреварот. Утре одиме по три бода. Уморен сум од слушање дека ни треба промена. Можеме да постигнеме многу со овој состав –  изјави Зидан.






По две кола, Реал е последен во групата Б со еден освоен бод. Интер и Борусија Менхенгладбах имаат по два бода, а Шахтјор е на првото место со четири бода.

Натпреварот Реал – Интер е закажан за утревечер со почеток во 21 часот.

Поврзани содржини