Зибери во Тетово, Мицкоски во Дојран, Богданци и Гевгелија, а Заев во Прилеп и Маврово
Коалицијата „Сега е време“ ќе одржи прес-конференција на плоштад „Скендербег“.
Пертиите и денеска ја продолжуваат предизборната камшања. Коалицијата „Можеме“ денеска е во Прилеп и Маврово Ростуше .
Коалицијата „Обнова на Македонија“ ќе има средби со граѓани во Дојран, Богданци, Валандово и Гевгелија на кои ќе присуствува и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Носителката на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 1, Гордана Силјановска Давкова ќе има на средба со ОБСЕ преку платформата Zoom и ќе учествува на трибина „Еднакви права и можности за жените во политиката“ во паркот „Жена борец“.
Носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ на ИЕ 2, Владо Мисајловски ќе даде изјава на Главната улица до пазарот во општина Шуто Оризари.
Носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ на ИЕ 3, Игор Јанушев ќе го посети градскиот пазар во општина Пробиштип, а потоа ќе има средба со пензионери во пензионерски дом. Тој денеска е и на средба со граѓани во Злетово.
Носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ на ИЕ 4, Александар Николоски, ќе има средби со граѓани во Дојран, Богданци ,В аландово и Гевгелија.
Носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ на ИЕ 6, Дафина Стојаноска, на средба во Рекорд Гостивар со Фуркан Чако и Ајдоган Демири и ќе има презентација на програмата во Градскиот парк во Гостивар.
Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети и кандидатот за прв Албанец премиер Насер Зибери ќе ја посетат Тетовската слободна економска зона каде што ќе учествуват на инагурацијата на најновата инвестиција.
Коалицијата „Сега е време“ ќе одржи прес-конференција на плоштад „Скендербег“.
Претседателот на партијата Левица, Димитар Апасиев и носителот на кандидатската листа за пратеници во ИЕ 3, Борис Крмов, ќе имаат теренски активности во Велес.