Зибери: Во Скопје има најмногу заболени, а повеќето се асимптоматски
Тој потврди дека во општина Чаир има најмногу случаи на територијата на Град Скопје, односно 169, а според бројот на заразени следат Бутел, Сарај, Арачиново.
На денешната прес-конференција, директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, д-р Арбен Зибери изјави дека oние кои се позитивни и се без симптоми, се лекуваат дома, а оние кои имаат лесна слика, или се лекуваат дома, или се хоспитализираат.
Тој потврди дека во општина Чаир има најмногу случаи на територијата на Град Скопје, односно 169, а според бројот на заразени следат Бутел, Сарај, Арачиново.
Зибери рече дека 60 отсто од вкупниот број на заразени во Скопје се асиптоматски.
– Затоа треба да бидеме многу внимателни, затоа што има многу асимптоматски кои ја шират болеста – вели Зибери.
Додаде дека прават скрининг во градинки и домови за стари лица, каде што биле регистрирани неколку случаи.
Директорот упати апел до сите граѓани дека дека ако не ги почитуваме мерките, само ќе ја одолговлекуваме пандемијата.