Зибери: Прерано е да се прогласи крај на пандемијата
Ако вирусот се повторува во есен и зима тогаш вакцината нема да биде решение, ќе мора да се пронајде лек -вели Зибери.
Сметам дека рано е да се прогласи крај на пандемијата. Се опуштија мерките, но кај нас свеста треба да работи и да се сетиме на тоа што предходно ни се случуваше со вирусот, вели докторот и пратеник Арбен Зибери во 24 Анализа.
Tој додаде дека може да се размислува за прогласување на крај на епидемијата во земјава кога процентот на вакцинирани и прележани ќе достигне 80 отсто.
– Мислам дека процентот на прележани, заедно со процентот на вакцинирани е некаде 60 отсто, но ние можеме да зборуваме за крај кога ќе стигнеме до 80 отсто – додаде Зибери
Зибери вели дека никој не треба да ги оспорува вакцините, и дека нивната ефикасност и заштита ќе треба да се анализира.
– Ако вирусот се повторува во есен и зима тогаш вакцината нема да биде решение, ќе мора да се пронајде лек -вели Зибери.