Кандидатот за премиер од редовите на ДУИ, Насер Зибери е негативен на ковид-19. На својот фејсбук профил тој попладнево соопшти дека не е позитивен на ковид-19 и утре во 10 часот ќе го искористи своето право на глас.
„Ви благодарам многу за масовната грижа и поддршка, јас сум потполно здрав и добар, подготвен за новите предизвици. Ве молам да ги користите вашите телефони за разговори со семејството, пријателите, најблиските и соработниците, а не за ниска клевета, црна кампања и пропаганда на ден пред изборите затоа што тоа не ве вреднува“, пишува Зибери, кој истовремено им посака здравје на сите и брзо закрепнување на сите заразени.
Претходно, денеска беше објавена информација дека Зибери бил позитивен на ковид-19