Поранешниот пратеник и министер Насер Зибери вели дека иницијативата од страна на владејачката партија СДСМ за повторно свикување на веќе распуштеното Собрание не е паметна работа.
Тој смета дека согласно член 125, одлуките Собранието може да ги потврди доколку за предлогот гласаат 80 пратеници или ако има двотретинско мнозинство од вкупниот број на пратеници.
– Mислам дека предлагање за свикување седница со ваква точка на дневен ред не е многу паметно, без притоа да се обезбеди потребното мнозинство кое впрочем ќе ги носи одлуките, а според член 125 значи одлуките Собранието може да ги потврди доколку за предлогот гласаат 80 пратеници или двотретинско мнозинство од вкупниот број на пратеници, што во случајот по се изгледа дека го немаат – вели Зибери во вечерашното гостување во емисијата Вин Вин на Телма телевизија.