Зибери: Народен правобранител не станав како компензација за премиер

389

Народниот правобранител ги штити слободите и правата на граѓаните гарантирани со Устав и со закон и во таа функција ќе биде мојот ангажман, вели новиот народен правобранител Насер Зибери во интервју за Радио Слободна Европа.

Зибери нагласува дека нема да има амнестија кон ниту еден припадник на орган на управа или носител на јавна функција, а за новата функција на која што е назначен, вели дека не се работи за никаква компензација и оти самостојно се пријавил на огласот за народен правобранител.






– Апсолутно не се работи за никаква компензација во смисла на мојот ангажман. Јас доброволно прифатив да бидам номиниран за можен кандидат за премиер, но изборните резултати дадоа таква конфигурација и резултатот е тој што е, се знае кој е премиер. Јас на огласот објавен од страна на Собранието, се пријавив да учествувам за можната позиција Народен правобранител, Собранието ме избра и од формално – правна гледна точка целата работа се заврши согласно прописите – вели Зибери.

Уверува дека со неговиот ангажман ќе ги демантира сите скептици и оти ќе ја оправда довербата од законодавната власт.

– Забелешките кои се упатуваат од страна на Алијансата се само нивни претпоставки дека Народниот правобранител нема да биде независен во вршењето на својата функција. Тие претпоставки често пати имаат алузии и не се основани од причина што Народниот правобранител сега стапува на должност –  истакнува Зибери.

Нагласи дека треба да му се даде простор и оти нема да има амнестија кон ниту еден припадник на орган на управа или носител на јавна функција.

 

Поврзани содржини