Зибери го претстави планот за првите сто дена, очекува гласови и од Македонците

274

Кандидатот за премиер, Насер Зибери, со караванот „Оствари го твојот сон“ денеска го почна своето патување од општина Желино, потоа ги посети околните села, Шемшово, Копаница и Палатица.

Зибери оствари средба со граѓаните од овој регион со кои разговараше за потребите и идеите на жителите од оваа област, презентирајќи им ги своите ставови и планови за првите 100 дена.






„Зибери ја истакна важноста на ова патување, откривајќи им ја на граѓаните идејата за прв премиер Албанец, што претставува силен симбол на еднаквост, мултиетничка припадност и современа демократија, а исто така е и идеја за подобар живот за сите. Поради оваа причина очекуваме поддршка не само од албанските граѓани, туку и поддршка од Македонците и другите етнички заедници“, информира изборниот штаб на Зибери.

Поврзани содржини