Зибери: Гласав од посебна кабина затоа што не се чувствував добро, не знам дали имам корона
Јас не го направив тестот за да разберам дали сум позитивен на ковид-19, па затоа ги молам медиумите и порталите да не манипулираат. Ви посакувам добро здравје на сите, напиша Арбен Зибери на Фејсбук.
Пратеникот Арбен Зибери, откако синоќа гласаше за новата влада од посебна кабина во Собранието, изолиран од другите пратеници, денеска се огласи во јавноста преку статус на Фејсбук. Тој појаснува дека не се чувствувал добро, но дека сè уште не знае дали е заразен со коронавирусот.
„Би сакал да ве известам за дилемите што се шират од моментот кога требаше да присуствувам во Собранието на Северна Македонија на состанокот предвиден за гласање на новата влада. Од утрото не се чувствував добро и за да не го загрозувам здравјето на другите, во соработка со претседателот на Собранието како и со колегите, решив да гласам согласно протоколите или сам во кабината, без никаков контакт со другите колеги“, напиша Зибери.
Тој додава дека сè уште не направил тест за да знае дали е заразен со коронавирусот.
„Јас не го направив тестот за да разберам дали сум позитивен на ковид-19, па затоа ги молам медиумите и порталите да не манипулираат. Ви посакувам добро здравје на сите“, напиша Зибери.