Зијадин Села: Игри на среќа само во хотелите со пет ѕвезди

461

Претседателот на Алијансата за Албанците Зиjадин Села истакна дека доколку Алијансата за Албанците и Алтернатива победат на парламентарните избори, игрите на среќа ќе бидат дозволени само во хотели со 5 ѕвезди, затоа што, како што рекол, хотелите со 5 ѕвезди гарантираат дека нема да бидат близу до населбите, не секој може да пристапи до нив, а со тоа задоволително ќе се запре овој девијантен феномен.

Села ова го изјавил на собирот на коалицијата Алијансата за Албанците и Алтернатива, со жителите на селото Пирок.

Позицијата на Алијансата за Албанците во врска со законот за игри на среќа, неколку пати јавно е искажано и истото е веќе вклучено во коалициската програма Алијанса за Албанците и Алтернатива „Држава за сите“.

Понатаму, Зијадин Села истакна дека оваа коалиција која, доколку е дел од владата, ќе го промени законот за игри на среќа, слично како и моделот на Албанија и Косово, затоа што оваа девијантна појава во нашето општество, принудува илјадници млади албанци да заминат од државата, барајќи го решението во европските земји како Германија и други земји.

– Тековната состојба со казината е план што го надополнува мозаикот дека еден ден ни се раскажува за приказни за заедничко општество за сите, но државата да се резервира само за нив. Немаме време да губиме – порача Села.

Поврзани содржини