Зијадин Села е позитивен на ковид-19

765

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот, но дека е добро.

„Драги пријатели. Денес направив ПЦР тест за ковид-19 и морам да го споделам со вас резултатот од овој тест. Тој е позитивен. Добро сум, клинички без никакви грижи, но мора да се почитуваат медицинските протоколи, па морам да се самоизолирам неколку дена. Почитувајте ги мерките, заштитете се себеси и другите“, напиша Села на Фејсбук.

Поврзани содржини