Журки со дрога во автокамп, полициски лов на превозници на мигранти

886

ШТИПЈАНЕЦ  БЕГАЛ ОД ПОЛОЦИЈАТА ЗАШТО ПРЕВЕЗУВАЛ МИГРАНТИ – На регионалниот пат Свети Николе – Куманово, вчера околу 12 часот полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило „мерцедес“, со велешки регистарски ознаки, но возилото не застанало. По кусо време возилото сопрело и возачот почнал да бега, но веднаш бил фатен од полициските службеници. Станува збор за М.Ј.(28) од Штип, кој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, затоа што при преглед во возилото биле пронајдени 43 мигранти, меѓу кои имало и деца, и тоа од Сирија, Пакистан и Авганистан. За настанот бил известен Јавен обвинител, по чија наредба мигрантите се сместени во Транзитниот центар „Винојуг“ Гевгелија, а против М.Ј ќе биде поднесена соодветна пријава.

И СТРУМИЧАНЕЦ СЕ ОБИДЕЛ ДА ЗАРАБОТИ ОД МИГРАНТИ – Вчера во 21.40 часот на регионалниот пат Струмица – село Дабиље, на влезот на село Дабиље, полициски службеници запреле патничко возило „алфа ромео 156“, со бугарски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(23) од село Банско, струмичко. При преглед во возилото биле проинајдени 12 мигранти. За настанот бил известен Јавен обвинител, кој дал наредба возачот да биде лишен од слобода и против него да се поднесе соодветна пријава.






СКОПЈАНИ ПРАВЕЛЕ МАРИХУАНА ЗАБАВА ВО АВТОКАМП ВО ОХРИД  – Вчера во периодот од 22.35 часот до 00.10 часот, врз основа на судска нредба, полициски службеници од СВР Охрид извршиле претрес во автокамп „Градиште“, во приколка, сопственост на Б.И.(26) од Скопје. При претресот била пронајдена и одземена марихуана. За време на претресот, во објектот биле уште четири лица од Скопје. Б.И. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПРИВЕДЕН СКОПЈАНЕЦ КОЈ НОСЕЛ ЛАДНО ОРУЖЈЕ – Утринава во 1:40 часот на ул. Аминта Трети во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода Н.Т.(29) од Скопје, поради тоа што при преглед кај него бил пронајден нож на расклопување. Поради тоа што сторил прекршок по член 80 од Законот за оружје, тој бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка.

ГО БАРАЛ ИНТЕРПОЛ, А ГО ФАТИЈА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАНИЧАРИ – На Граничен премин Табановце вчера во 21.40 часот од слобода бил лишен М.М.(40) од Италија, а со живеалиште во Р.Србија, затоа што при проверка било утврдено дека се наоѓа на листата со мерка „лиши од слобода“, по барање на Интерпол. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

ПОВРЕДЕН ПЕШАК ВО БИТОЛА – Вчера во 14.40 часот на крстосница од улиците Козјак и Караорман во Битола, патничко возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(48) од Битола, удрило во пешак Х.Р.(61) од Битола. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Битола.

КУЧИЊАТА СЀ УШТЕ КАСААТ – Вчера околу 14 часот во СВР Скопје, Т.М.(52) од Скопје пријавила дека на ул.Радишанска  била касната од куче скитник. Во 22.25 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека на ул.Јаким Стојковски во Пробиштип, 12-годишно девојче било каснато од куче. скитник

Поврзани содржини