Жугиќ: Нехуманиот однос на Шилегов кон вработените во установи под Град Скопје е израз на неспособност во справувањето со кризата

1,125

Нашите информации говорат дека во јавните културни установи кои се под надлежност на Град Скопје, не се почитуваат препораките за заштита на здравјето и безбедноста на вработените. Имаме информации дека вработените во овие културни установи немаат добиено опрема за лична заштитна, протоколи за работа или било какво упатство за работа за време на вонредната состојба и пандемијата со ковид-19, изјави Јелена Жугиќ советничка на ВМРО-ДПМНЕ.

– Загрижувачки е и односот на некои претпоставени во некои од културните институции. Тие без да издадат решение за доискористување на годишниот одмор за 2019-та година, само со усно известување ги информираат вработените дека немаат право на годишен одмор и дека истиот им се смета како искористен во изминатиот период, без разлика што во истиот тој период, дел од вработените оделе на работа.






Произволниот, дискриминирачки и непрофесионален однос на одговорните лица кон вработените, мора да запре, а законот за работни односи мора да се почитува. Во спротивно, ќе следат претставки, пријави и тужби до надлежните за непочитување на достоинството, безбедноста и здравјето, како и правата од работен однос на вработените во јавните културни установи под надлежност на Градот Скопје.

Нехуманиот однос на Град Скопје под раководство на Шилегов кон вработените во овие установи е израз на неспособност во справувањето со кризата и вонредната состојба во која се наоѓаме. Апелираме веднаш надлежните да ги преземат сите препорачани протоколи и мерки – рече Жугиќ.

 

Поврзани содржини