📽️ ЗАГИНАТИ ВО ПОПЛАВИТЕ ВО ГРЦИЈА Водата однесе жена во Глифада, чувар загина при спасување

Во источен Пелопонез, 53-годишен припадник на крајбрежната стража загинал при спасувачка операција. Во атинското предградие Глифада, поројните води однеле жена која потоа се удавила.

350

Силниот циклон што ја погоди Грција со поплави и жртви продолжува да се движи кон Егејските острови. Метеоролозите предупредиле на ветрови со јачина до 10 степени според Бофоровата скала и бранови опасни за пловидба.

Во источен Пелопонез, 53-годишен припадник на крајбрежната стража загинал при спасувачка операција. Во атинското предградие Глифада, поројните води однеле жена која потоа се удавила.






Поплави, уривања и ветрови предизвикале хаос, затворени улици, прекината електрична енергија, евакуации на домови и суспендирани траектни линии.

Училиштата во повеќе региони во Грција не работат, а службите останале во состојба на готовност. На копното се очекува постепено стабилизирање, но на планините снегот продолжува да паѓа.

 

Поврзани содржини