Жртви сме на сопствената наивност?

Западот македонскиот народ го третира како трло овци кое пасело буника, па така бајалдисано блее, следејќи го лавежот на овчарските кучиња кои не се од сојот на нашите шарпланинци, туку липсотини, исто како и дома главените овчари, кои како стражари на пеколот кружат околу нас и нѐ држат заобиколени во сопствената земја.

1,706

Може ли нашето тврдокорно манифестирано и само на нас својствено непромислено однесување, до степен на недоветност, да се поистовети со детската од Бога дарена наивност? Никако! Народната мудрост „дур да му речеш гаго, речи му аго“, во никој случај не ја ублажува глупоста. Само моментално, со лицемерно преименување, ја заташкува.

Не сакајќи за нас Македонците да речам дека сме глупави, во насловот, како замена, во прашална форма го употребив зборот – наивни, со што не ја избегнав вистината, а тоа е дека како народ се покажавме жртва на сопствената недоветност. И тоа повеќе пати. Од негрижа, си ја приредивме и најсуровата самоубиствена пресметка со себе, а тоа е – прифаќање на геноцид над самите себе. Кој е во тек.






Јагурина народ

Македонците, како Божја творба, денес, од библискиот небесен вознес, сами се лизнавме на рамништето – Јагурина народ.

Гроздов плод, на кој во развојот му се случил засек во коренот со застој во дотокот на појот, паради што со оскуден животен сок од земјата се поел, па недозреан, засушено згрчен, окачен останал да виси на пенушката, осамен додека исчезнува во свирежот на зимскиот ветер и колвежот на грабливците.

Зошто се послужив со така болна споредба, но реална?

Затоа што чувствувам несносен душевен вриеж до болка, пропратен со самопрекор, наплив на вина пред идните генерации Македонци, како и срам пред плејадата наши предци, кои со завештение ни ја предадоа земјата со име Македонија, творба на Македонците.

Од безбожници доживеав да ми биде оспорено моето егзистенцијално право и да дочекам по втор пат да се најдам исправена пред сопствениот прогон од татковината која ја снемува, разграбувана од осојузени внатрешни и надворешни грабливци, кои никогаш не се помирија што на овој свет постои и опстојува една грутка од  Александровата света земја, со име Македонија и во неа челад Македонци. Јас припаѓам на таа земја и тој род, и нека никој не се осуди да ми рече да молчам чекајќи го наредното – мојот гроб да ми биде израмнет, исто како што се израмнети гробовите на моите предци во родната Егејска Македонија.

Исчезнуваме од картата на држави и народи

Како народ, на сопствена штета си направивме засек во нашиот развоен пат, со толерирање, со тимарење на предавниците и странските наредбодавци, кое значи прифаќање на геноцидните политички интереси на поширокиот Западен криминален блок.

Како ретардирани се препуштивме да размислуваат наместо нас, случајни, згора на тоа и забегани политиканти од Западот и од нив дома главените јаничари, и непријателски декларирани сограѓани Албанци кои отворено се осојузија со Бугарите, форсирајќи ја поделбата на Македонија и реализација на проектот на Г. Албанија. Тие, исфрлајќи нѐ нас од нивните мисли во кои грамежливо се окупирани исклучиво само со себе, ни ја предочија вистинита дека Македонците, со лефтерни отстапки, послушност и со трагични пропуштени преземања до рамниште на самопредавство, свесно се бришеме – исчезнуваме од картата на држави и народи.

Во светот, од моќна позадинска глутница материјалисти, како народни водачи намерно се назначуваат марионети, кои за личен интерес ги спроведуваат нивните глобалистички цели. Избраните се своеглави, себично изопачени карактери, психопати, садисти, сатанисти, убијци… Ликови како од хорор филмови, почнувајќи од сеништето „живиш у облацима…“ Бајден, неуротикот Џонсон, изиграниот Шулц со рецитаторот претседател, самобендисаното човече Макрон, па посредници супозитории, силеџии визитари, плејада лажговци на кои им недостасува елементарна пристојност во размислата и изговореното за другиот, за да се сметаат фактор, како што мислат дека се – двигател во развојот и опстојбата на туѓото животно битисување.

Влекачи кои не сакаат да ги спомнат зборовите Македонија и Македонци

Да не редам – погледнете какви лејки без рачка ни праќа Западот за амбасадори (исти какви што и ние им праќаме, со една разлика што повеќето од „нашите“ работаат против државата ), па ќе ни стане јасно зошто во Македонија се докопаа до власта, поставени од надвор, бездушни човеколики зомби, влекачи кои не сакаат да ги спомнат зборовите Македонија и Македонци, а со две рала челусти во убедувањето, сами да се изместиме од браникот на човечноста, како од забранета, срамна и изложена на потсмев манифестација и, игнорирајќи се самите себе да се подвиниме на законите на дарвинизмот и силата на појакиот.

Западот македонскиот народ го третира како трло овци кое пасело буника, па така бајалдисано блее, следејќи го лавежот на овчарските кучиња кои не се од сојот на нашите шарпланинци, туку липсотини, исто како и дома главените овчари, кои како стражари на пеколот кружат околу нас и нѐ држат заобиколени во сопствената земја.

Непростливо и срамно е што дозволивме ропски понижувачки третман од група домашни предавници, туѓи платеници, кои за пари и моќ го продадоа името на државата и со тоа го започнаа распарчувањето на земјата и  идентитетот на  Македонецот. Најстрашно е што тие изроди и денеска преку свои намесници и лично се шепурат во државата и ја усмеруваат дневната политика, поддржувани од надвор. Затоа, така надрвени, продолжуваат пред очи да ни се топорат, осилени, демек „ништо не ни можете“. И така е! Што дека со гадење ги гледаме, кога ништо не преземаме. Трпиме и ги сносиме последиците од нивните чинидби. А требаше да се на робија, или ликвидирани по кратка постапка. Да, да – ликвидирани, за да не бидат пример на новите нивни следбеници, кои намножени,  дораспродаваат и распарчуваат она што останало од земјата македонска и македонштината.

Казна со продолжена болка

Некои од домашните децениски глодари, велат дека сме ние мал народ и поради опстанок треба да се потчинуваме на посилниот. Тоа е срамно и себично оправдување на тие недораснати изданоци кои сопственото достоинство, за власт и моќ го гледаат со туѓи очи, неосознаени дека нема мал и голем народ. И во едната и другата измислена категорија се работи за битија – луѓе, со суштина и дух, створенија со душа во која се раѓа и преточува мислата и речта за – слободата, идентитетот и смислата на сопственото постоење.

Македонци! Не за прв пат сме исправени на работ од сопствената пропаст. Но верувајте, ова е последниот, решавачкиот. Со вербата во себе која не нѐ напуштила и правостојниот чекор кој ни е одек од минатото, да се издигнеме над самите себе и да им се спротивставиме на јаничарите и старо-новите албански разјарени балисти здружени со бугарските фашисти, отворено  поддржани од Германците… и Американците. Да престанеме да стоиме со скрстени раце и да молчиме како до сега, со скунати глави и занемени.

Отворено да прозбориме и да им кажеме на сите визитари, посебно на американската амбасадорка Анѓа, која деновиве како цвет ни го покажа својот лик и намера, и е повод за оваа колумна, дека, како „стратешки партнер“ (не) е во земјава присутна за егзекутор (?), да ни врши терор и присил: „што побрзо пратениците да ги направат уставните измени…“, дека ќе биле тешки одлуките, ама, досега имаат направено и други тешки, потешки…

Сотона рогата! Туѓата болка не те боли, таа не е пренослива! Со кое право и која е осудата за да нѐ казнуваш со – продолжена болка?! Зошто? За да нѐ снема, а вас агресорите да ви биде по тамам? Се сметате за возвишени битија, различни од нас, третирани како баласт, па се осмелувате за нас, без нас – народот македонски, да одлучувате. Затоа се солидаризираш со предавничката политика на качакот Бујар, да ни кажеш дека ја оправдуваш, и на намерно заеднички одржаниот прес, ни демонстриравте здружена сила, за да ни влеете страв?

Првиот ден по Божиќните празници како политички загари здружени да нѐ тргате за раскинатите поли, за да ни ги доискинете? Криминалното јадро на кое дур од Америка му се закануваше, го осили… Се здружи со нив. И си личеете на заедничките фотографии. Им стана поддржувач и водач!

Ти благодарам што само со силата која сметаш дека ја поседуваш, нѐ прозва како недоветни. Не згреши. Тоа придонесе да се подосвестиме…

 

 

Поврзани содржини