„ЖРТВИ МОРА ДА ПАДНАТ, ВЛАСТА НА СДСМ ДА СЕ ТРГНЕ“ Што пишува во заканувачките мејлови за бомби пратени утринава?
А доколку денешниот МАСАКАР не биде доволен, ќе минираме МНОГУ повеќе локации во следните денови. Нема да престанеме додека власта е на потег. Направете ја Вистинската Одлука. Нема да застанеме додека корумпираната власт на СДСМ не се тргне. Властите веќе ЗНААТ што треба да прават, но тоа не го прават. Писмото беше пратено одамна. Затоа денес жртви МОРА да паднат, стои во заканата.
„Нема да застанеме додека корумпираната власт на СДСМ не се тргне. Властите веќе ЗНААТ што треба да прават, но тоа не го прават. Писмото беше пратено одамна. Затоа денес жртви МОРА да паднат“.
Ваков било наводно текстот во еден од мејловите пратени на електронските адреси, пишува 360 степени. Новоста е што заканувачки мејл утринава добиле, не само институции и трговски центри, туку и неколку медиуми, вклучувајќи ги Канал 5, порталот 360 степени и весникот „Слободен Печат“. Тие го спомнуваат испраќачот на мејлот како [email protected].
Мејлот бил пратен и до е-мајл адресата на МВР.
Во мејлот потоа биле дадени локациите на местата кои биле минирани во градот, а за кои веќе МВР потврди дека се евакутираат и дека се вршат антитерористички проверки. Зградата на МВР не е спомната во локациите кајшто, наводно, биле поставени експлозиви.
„А доколку денешниот МАСАКАР не биде доволен, ќе минираме МНОГУ повеќе локации во следните денови. Нема да престанеме додека власта е на потег. Направете ја Вистинската Одлука. Нема да застанеме додека корумпираната власт на СДСМ не се тргне. Властите веќе ЗНААТ што треба да прават, но тоа не го прават. Писмото беше пратено одамна. Затоа денес жртви МОРА да паднат“, стои во заканата.