ЖРТВАТА ТРЕБА БРЗО ДА БИДЕ ИЗОЛИРАНА ОД НАСИЛНИКОТ Тошковски бара брза реакција од сите институции по пријава за семејно насилство

И ако жртвата ја повлече пријавата, работата на полициските службеници не треба да заврши со тоа. Треба да направат проценка на ризик, да превземат соодветни чекори во рамки на утврдена процедура,да се обратат до инспектори за семејно насилство, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој организира тркалезна маса на темата.  

662

Семејното насилство е еден проблем кој ја тишти македонската држава, проблем кој Македонија го има со години и за кој ќе мора да се зборува гласно и да се даде внимание од секој граѓанин и особено од инситтуциите, за да можеме да имаме подобар одговор, да ги искористиме капацитетите и да не ни се случуваат несакани настани, рече министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Тој денеска организира тркалезната маса на тема „Предизвици во обезбедувањето поддршка и заштита на жртвите на насилство врз жени и семејно насилство“, на која претставници на институциите дискутираат како да се подобри состојбата во земјава.






– Се надевам ќе донесеме заклучоци кои ќе бидат имплементирани и со кои максимално брзо и праведно ќе се постапи во секој еден конкретен случај и притоа жртвата да биде навремено изолирана од насилникот и да биде безбедна. Првото прашање ќе биде како максимално брзо насилникот да биде тргнат настрана, особено децата, со цел да немаме дополнителни несакани ефекти – нагласи Тошковски.

На новинарско прашање тој рече дека во синоќа се уапсени две лица, осомничени во два случаи на семејно насилство.

– Дали растот на насилствата е поврзан со ова што се случи, дали поради тоа што се дава акцент на овие вести во периодов, но брзите реакции ќе дадат ефект – нагласи Тошковски.

На прашањето колку пријави во полицијата поднела Ивана Јовановска, жртвата на семејно насилство која пред неколку дена скокна од балкон, притоа со себе носејќи ја и својата 6-годишна ќерка, министерот не даде прецизана бројка.

– Имало повеќе пријави, но за жал, секој пат кога ќе дадела пријава и ќе побарала помош од МВР, по укажување за интервенција од МВР, ја повлекувала. Тоа е најголемиот проблем што го имаме. Жртвите се под притисок на насилникот, не ја обвинуваме што ја повлекла пријавата, но затоа сакаме да најдеме поефикасен институционален одговор за постапување. Тука сме за да најдеме начин како системот 24/7 да фунционира и за кратко да одговори, и тоа не само од страна на МВР, туку и од сите инволвирани институции, како  социјалните служби, кривичниот суд, граѓанскиот суд, па сè до граѓанските организации за поддршката која треба да им биде дадена. Па дури и од аспек на обичен граѓани, кој може да даде инфорамции за насилство, особено за жртви на семејство, да ја информира македонската полиција за да реагираме – нагласи Тошковски.

Додаде дека секој полицаец дека би дал максимално од себе да може да спречи насилство врз деца и врз жени.

– И ако жртвата ја повлече пријавата, работата на полициските службеници не треба да заврши со тоа. Треба да направат проценка на ризик, треба да превземат соодветни чекори во рамки на утврдена процедура, треба да се обратат до инспектори кои се посебно обучени за семејно насилство – рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Поврзани содржини