„ЖОЛТАТА ПОДМОРНИЦА“ Е ПОТОПЕНА Ливерпул со два гола предност патува во Виљареал

Реваншот во Шпанија меѓу Виљареал и Ливерпул е закажан на 3 мај. Виљареал имаше одлична авантура во фудбалската елита, ги елиминира Јувентус и Баерн Минхен и за првпат по 18 години се најде во полуфиналето, ама како што изгледа, бајката на клубот од „Ел Мадригал“ тука ќе заврши.

159

Англискиот премиерлигаш Ливерпул си ја заврши домашната задача и со победа над Виљареал (2-0) ја продолжи импресивната серија на домашен терен и се наоѓа на чекор до финале во Лигата на шампионите.

„Црвените“ се мачеа едно полувреме да го пробијат бункерот на ривалот, меѓутоа во вториот дел работите си дојдоа на своето место. Со два гола во мрежата на „жолтата подмроница“ Ливерпул го чека нешто помирен реванш во Шпанија каде ќе се оди на заверка на мечот за титула и повторно ќе се има улогата на фаворит на хартија.






Во воведните 45 минути се играше само пред голот на Рули, а среќата во неколку наврати го спаси Виљареал од тресење на мрежата. Најдобрата шанса ја имаше Тиаго Алкантара во 42. минута кој во немоќ со шут од далечина се обиде да ја пробие дефанзивната зона на Виљареал, ама топката удри во стативата. Ова воедно беше втора статива во првиот дел за Ливерпул.

На стартот на второто полувреме, фаворитот на „Енфилд“ си ја реши задачата со два брзи гола. Прво во 53. минута по еден центаршут на Хендерсон топката го зафати бекот Еступниан и го измами голманот Рули за предност (1-0), а две минути подоцна убиствениот тандем Мохамед Салах и Садио Мане комбинира пред голот и Сенегалецот ја смести топката зад грбот на голманот на Виљареал за двојна предност.

Во продлжението Ливерпул имаше шанси и за трет гол, но немаше реализација. Доказ за инфериорноста на шпанскиот тим на овој меч е податокот дека избраниците на Унај Емери немаа ниту еден шут во рамки на голот на Ливерпул, а упатија само еден кон голот.

Реваншот во Шпанија меѓу Виљареал и Ливерпул е закажан на 3 мај. Виљареал имаше одлична авантура во фудбалската елита, ги елиминира Јувентус и Баерн Минхен и за првпат по 18 години се најде во полуфиналето, ама како што изгледа, бајката на клубот од „Ел Мадригал“ тука ќе заврши.

Поврзани содржини