📷 ЖОЛТАТА ЛИНИЈА НА ТРАМП Е НОВА ГРАНИЦА НА ГАЗА? Ерусалим молчи и поставува столпчиња

Во меѓувреме, сателитски снимки потврдуваат дека дел од бетонските обележја на „жолтата линија“ се поставени стотици метри надвор од границите утврдени на картите од примирјето, што дополнително ја поттикнува дебатата дека Израел создава нова територијална реалност.

265

Израелскиот воен врв отворено призна дека линијата што ја дели Газа според планот за примирје на Доналд Трамп, таканаречената „жолта линија“, веќе станала нова државна граница, тврди „Гардијан“ цитирајќи израелски генерал.

Началникот на генералштабот, Ејал Замир, во посета на северна Газа, им порача на израелските резервисти дека Израел ќе ги задржи своите позиции кои покриваат повеќе од половина од територијата.






– Жолтата линија е нова гранична линија. Таа е нашата напредна одбранбена зона и линија на оперативна активност – изјавил Замир, според транскриптот објавен од воен портпарол.

Тој додаде дека израелската армија има „оперативна контрола над обемни делови од Појасот на Газа“ и дека „ќе остане на тие одбранбени линии“.

Изјавата на Замир е во спротивност со октомврискиот договор за прекин на огнот, според кој Израел „нема да ја окупира или анектира Газа“. Трамп, во својот план со 20 точки, предвиде постепено повлекување на израелските сили и предавање на територијата на меѓународна мировна мисија.

ГАЗА ДОБИВА НОВА УПРАВА ПРЕД БОЖИЌ? Зетот на Трамп, Виткоф и Тони Блер се клучни во планот

Зелена, жолта, црвена зона…

Мировната управа во Газа, која според некои извори може да стапи на сила пред Божиќ, ќе вклучува личности како Тони Блер, Џеред Кушнер и арапски лидери.

Меѓутоа, досега ниедна држава не се пријавила да испрати трупи во таа мисија, иако Обединетите нации минатиот месец изгласаа резолуција за нејзино формирање.

Американски воени документи, според „Гардијан“, покажуваат дека САД планираат долгорочна поделеност на Газа, каде северот би бил под контрола на Израел и меѓународни сили („зелена зона“), а југот – оставен во урнатини („црвена зона“).

Еден американски официјален извор ја опишал евентуалната обнова и обединување на Газа како „аспиративна, но не реална цел“.

Каде се поставени бетонските столпчиња?

Израелската влада не сакаше да коментира дали изјавите на Замир претставуваат официјална политика. Еден владин претставник рече дека армијата „е распоредена во согласност со рамката на примирјето“ и ја обвини Хамас за негово прекршување.

Во меѓувреме, сателитски снимки потврдуваат дека дел од бетонските обележја на „жолтата линија“ се поставени стотици метри надвор од границите утврдени на картите од примирјето, што дополнително ја поттикнува дебатата дека Израел создава нова територијална реалност.

Се работи за бетонски цилиндри или блокови (високи од 0,5 до 1 метар), поставени во линија или во групи, со ознаки на израелските сили. На делови од линијата има и помали бетонски утврдувања и ровови, а некаде се поврзани со бетонски столбови и бодликава жица

„Пукаат во секој што ќе наиде“

Во источниот дел на Газа, кој е под целосна контрола на израелските сили, беа принудно иселени жителите. Повеќе од два милиона Палестинци сега живеат во мал појас на крајбрежјето, помал од територијата на градот Вашингтон.

„Новите бетонски утврдувања и контролни пунктови долж ‘жолтата линија’ ја претворија таа во смртоносна зона. Израелските војници пукаат во секого што се приближува, па дури и во деца, покажуваат извештаи од теренот“, пишува „Гардијан“.

Поврзани содржини