Животот продолжува: Кејт и Вилијам објавија фотографија, принцот Луис полни три години ФОТО

2,656

Најмалиот член од семејството на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, принцот Луис од Кембриџ, денеска полни три години.

По повод третиот роденден на принцот Луис, тие вчера објавиле нова фотографија од нивниот најмлад син.






Фотографијата која ја направила Кејт Мидлтон неколку дена претходно, го прикажува малиот принц Луис како со широка насмевка вози црвен велосипед, пред да тргне првпат во градинка.

Кралската двојка има три деца, најстариот, принцот Џорџ има седум, а принцезата Шарлот пет. Познато е дека на Кејт ѝ е хоби да снима фотографии, особено да ги фотографира своите деца, па веќе стана традиција таа и принцот Вилијам да објавуваат фотографии по повод родендените на принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот.

Кејт минатата година по повод роденденот на принцот Луис, го фотографираше додека тој цртал.

 

 

ФОТО: Инстаграм/Твитер

Поврзани содржини