ЖИВОТОТ НА ЕДЕН РУСКИ ВОЈНИК ВРЕДИ КОЛКУ ЕДНА БУНДА Вдовиците ќе се перчат (ВИДЕО)

Ова не го очекувавме, многу ви благодариме, вели една од вдовиците.

2,560

Вдовици на руски борци убиени во Украина добиja бунди како компензација за смртта на нивните сопрузи.

Судејќи според нивните изјави на снимката, тие се благодарни и среќни.






На видеото се слуша како жените му се заблагодаруваат за бундите на Евгениј Скрипник, соработник на Игор (Стрелц) Гиркин. Гиркин е осуден воен злосторник и поранешен министер за одбрана на таканаречената Донецка Народна Република.

– Денеска неочекувано ја добивме оваа помош. Многу сме ви благодарни. Навистина, од сѐ срце ви благодариме – вели една од жените на снимката.

На 21 вдовица им биле донирани бунди.

„Животот на еден руски војник вреди колку една бунда“, коментираат читателите на социјалните мрежи.

 

Поврзани содржини