ЖИВОТОТ НА ЧАРЛИ ВОТС Џез музичарот кој стана рок ѕвезда (ВИДЕО)

Љубителот на џезот, Вотс, заедно со Бил Вајман се бореа за титулата „најмалку харизматичен член на бендот“, го избегнуваа вниманието и ретко даваа интервјуа.

717

Тапанарот Чарли Вотс кој почина на 80 години е основата која ја поткрепи музиката на Ролинг Стоунс.

На почетокот тој бил џез вљубеник, а тапаните му биле другари од 13-годишна возраст. Тој на почетокот свирел со починатиот гитарист на Ролинг Стоунс, Брајан Џонс, кој подоцна успеал да го убеди да стане рок музичар, пренесува Би-Би-Си.






Групата ќе продолжи да ја дефинира рок музиката и британската култура како дел од британската инвазија што го зафати светот во средината на 60-тите години.

Љубителот на џезот, Вотс, заедно со Бил Вајман се бореа за титулата „најмалку харизматичен член на бендот“, го избегнуваа вниманието и ретко даваа интервјуа.

Вотс го опиша патувањето низ музиката со оваа група како „четири децении гледање како скитникот Мик трча пред мене“, но неговото присуство помогна бендот да остане приземен во време кога многумина го обожуваа, а ги имаше и оние кои ги категоризираа како „момчиња од постер на бунтовна младинска култура“.

Во 1968 година, тие го поставија Рокенрол Циркусот на Вембли во Лондон, собирајќи многу од нивните британски рок современици, како на пример Џон Ленон, Д Ху и Ерик Клептон.

Виталната важност на техниката на тапаните на Вотс продолжи сè додека бендот се префрли од нивниот традиционален блуз-рок шаблон за да истражува нови и позабавни диско ориентирани звуци во текот на 70-тите години.

За надворешниот свет, мирниот и прибран Вотс, се испостави дека не е таков во 80-тите години, кога се разоткри дека тој се бори со зависност од дрога и алкохол, до степен што главниот гитарист на групата, Кит Ричардс му рече да се „собере“.

Во исто време и неговата сопруга се бореше со алкохолизам, а неговата ќерка Стефанија стана „диво дете“, исфрлена од престижното училиште Милфилд поради пушење канабис.

Односите на Вотс со Џегер исто така достигнаа најниско ниво на сите времиња.

Во една прилика, во хотел во Амстердам, 1984 година, Џегер под дејство на алкохол, го повикал на телефон со зборовите „Каде е мојот тапанар?“, по што Вотс го пронашол, го удрил и му рекол „Ти си мој пејач, не јас твој тапанар“ и се вратил да спие.

Кризата траеше две години, а Ширли, неговата сопруга, беше таа која му помогна да ја надмине.

Ролинг Стоунс се вратија на сцената, а Вотс во чекор со нив, со нивната обемна турнеја „Челични тркала“ во 1989 година, именувана по нивниот тогашен албум.

Вотс продолжи да настапува со бендот во текот на 1990 години и 2000 години.

Последно излегување на Вотс заедно со Ролинг Стоунс беше во 2019 година, пред фронтменот Мик да направи операција на срце, а пандемијата да направи да мора да ги одложат сите турнеи за подоцнежни датуми.

Ролинг Стоунс успеаја да свират од четири одделни локации во април 2020 година, како дел од виртуелен концерт за да оддадат почит до здравствените работници кои беа во првите борбени редови со ковид-19. Вотс настапи со тропање врз кутии и врз мебел во неговиот дом, бидејќи неговиот комплет тапани не беше со него.

Неговите пријатели се испратија со него со објави на социјалните мрежи кажувајќи по некој збор за него.

Од друга страна пак, фотографијата која ја одбра Мик и ја објави на неговиот профил, не носи никаков наслов. На неа е насмеаниот Вотс, на настап со неговиот џез бенд во казиното во Херисау, Швајцарија во јануари 2010 година.

 

Поврзани содржини