КРВАВ НАПАД СО НОЖ ВО СКОПЈЕ Двајца млади се осомничени за обид за убиство за нападот во Аеродром
Одлука на судијата на претходна постапка е М.С. да биде сместен во куќен притвор во траење од 30 дена. За Н.С. се преземаат мерки за пронаоѓање и апсење.
Уште еден брутален напад ја потресе јавноста во Скопје. Двајца млади мажи, Н.С. (27) и М.С. (20), се осомничени за обид за убиство на Н.Г., чиј живот бил загрозен со убодни рани.
Нападот се случил на територијата на општина Аеродром на 15 септември, а веднаш по пријавата, полицијата презела интензивни мерки за расчистување на случајот. По спроведената истрага, се утврдило дека осомничените Н.С. и М.С. се директни извршители на кривичното дело.
Одлука на судијата на претходна постапка е М.С. да биде сместен во куќен притвор во траење од 30 дена. За Н.С. се преземаат мерки за пронаоѓање и апсење.
Мотивите за овој брутален напад засега се непознати, а полицијата продолжува со интензивна истрага за да се расчистат сите околности поврзани со случајот.