Животот е кабаре, а кабарето е во Битола

Во саботата (17.јули) во Битола се одржа спектакуларно кабаре со 30 уметници и го означи отворањето на ексклузивниот комплекс „Голд Фелициа“. За да биде сѐ совршено недостасуваше само уште Лајза Минели

1,654

Викендов во Битола почна со работа ексклузивниот комплекс „Голд Фелициа“, кој во себе има повеќе содржини, казино, ресторан, хотелско сместување и кабаре. Токму со последново, уникатно кабаре шоу во кое учествуваа над 30 уметници, пејачи и актери, беше означен почетокот на една нова приказна за Битола, но и за регионот.

Гостите уживаа во уникатната кабаре претстава која понуди разни уметнички точки и песни за сите генерации, иако не ги слушнавме оние најважните, од култниот филм „Кабаре“ со незаборавната Лајза Минели („Money makes the world go round“ и „Life is a cabaret“). Но, во секој случај, беше тоа гламурозно отворање, а многубројните гости имаа прилика да се уверат дека домаќините навистина имаат што да понудат.






Покрај танчарите на сцената церемонијален мајстор беше Жарко Димоски, а го придружуваа пејачите Александар Тарабунов, Димитар Андоновски, Огнен Здравковски и пејачките Полина Тасева, Калина Велковска и Христина Јовановска.

За кореографијата на танчарите се погрижи Илија Кардакоски а за изгледот на сите учесници модниот дизајнер Андреј Папаз.

„Кабаре шоуто го најави и отвори просторот кој ќе биде наменет токму за тоа, музички изненадувања на кои им нема крај, секојдневни настани на кои ќе гостуваат популарни домашни и странски имиња, што особено ме радува“, рече Димитар Андоновски, музички директор на целиот проект.

Во склоп на комплексот работи и ресторан со специјалитети приготвени од врвни готвачи.

Поврзани содржини