ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА РЕЈ ЛИОТА Посвоен на шест години, никогаш не дознал кој му е татко
Лиота е роден во Њу Џерси на 18 ноември 1954 година, но бил посвоен на шест месеци откако бил оставен во сиропиталиште.
Американскиот актер Рејмонд Ален Лиота (68) почина во сон во Доминиканската Република на снимањето на филмот „Опасни води“ (Dangerous Waters). Лиота зад себе ги остави ќерката Карсен и свршеницата Џеси Нитоло со која наскоро требаше да се ожени.
View this post on Instagram
Лиота е роден во Њу Џерси на 18 ноември 1954 година, но бил посвоен на шест месеци откако бил оставен во сиропиталиште.
Неговите посвоители, а подоцна и родители, биле многу почитувани, имено, таткото Алфред бил кадровски директор и претседател на локалниот демократски клуб, а мајката Мери била вработена во општината и заедно држеле продавница за продажба на автоделови. Реј пораснал покрај својата полусестра, исто така посвоена, Линда Лиота. По завршувањето на факултетот, Лиота се преселил во Њујорк, каде што работел како бармен во театарот Шуберт, а на негова среќа, го забележал еден филмски агент, па ја добил и првата улога во сапуницата „Друг свет“.
Лиота подоцна изјавил за магазинот „Ескваер“: „Бев посвоен, така што, всушност, не знам кој сум. Мислам дека мајка ми и татко ми се Италијани и Шкоти. Ја пронајдов мојата родена мајка и таа рече дека тоа е мешавина од нешто, а кога прашав што е мојот татко, таа не сакаше ниту да зборува за тоа. Како никогаш да не се случило“.
По тешкото детство, Лиота впловил во актерството, а набрзо ја запознал и колешката Мишел Грејс, со која се венчал.
View this post on Instagram
Во февруари 1997 година, Лиота се венчал со актерката и колешка Мишел Грејс. Двајцата се запознале на еден бејзбол натпревар на поранешниот сопруг на Мишел. Нивниот брак не траел долго, така што се развеле во 2004 година. Од бракот со Мишел, Лиота ја има ќерката Карсен (23).
И неговата свршеница Нитоло има четири деца, пишува „NJ.com“.
Реј и Џеси се свршиле во 2020 година и се чинело дека не брзаат да одат до олтарот.
Лиота неодамна беше фотографиран со неговата 20 години помлада свршеница Нитоло на улиците на Лос Анџелес.
Парот се шетал држејќи се за рака, а во таа прилика размениле неколку бакнежи.
Последниве години не се зборуваше толку за кариерата на актерот, колку за неговото затегнато лице кое едвај можеше да го развлече во насмевка, бидејќи претерал со ставањето ботокс и со фејслифтингот, иако упорно негирал дека некогаш направил естетски корекции на лицето, пишуваат странските медиуми. .
Инаку, Реј Лиота е најпознат по улогата на Хенри Хил во криминалистичката драма „Добри момчиња“, а го гледавме и во популарната серија „Нијанси на сино“ (Shades of Blue) со Џенифер Лопез.
View this post on Instagram
Тој се проби во актерската кариера со улогата на мафијашот Хенри Хил во филмот „Добри момчиња“ од 1990 година во режија на Мартин Скорсезе.
Тој глумеше со Роберт де Ниро и Џо Пеши во филм кој нашироко се смета за еден од најдобрите филмови на 20 век.
Филмот освои еден Оскар и беше номиниран во пет други категории.
Тој одигра значајни улоги во филмовите „Брачна приказна“, „Мафијашки светци на Њујорк“, „Поле на соништата“, „Земја на полицајците“, „Бела прашина“…
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм