ЖИВОТ НА КРЕДИТ Граѓаните и фирмите должат 7 милијарди евра во банките
Според НБ, во јули е забележан годишен раст на кредитите од 5,8% и тоа главно на големиот раст на кредитите кај секторот „домаќинства“ .
Околу 7 милијарди евра е вкупниот износ на долгот на граѓаните и компаниите кон банките во јули годинава, покажуваат податоците на Народната банка.
Според НБ, во јули е забележан годишен раст на кредитите од 5,8% и тоа главно на големиот раст на кредитите кај секторот „домаќинства“.
Податоците покражуваат дека фирмите биле задолженни со речиси 3,4 милијарди евра на крајот од јули што е за 5% повеќе од изтиот месец лани кога должеле отколку во ланскиот јули кога должеле 3,2 милијарди евра. Домаќинствата, пак, во јули годинава имале кредити во висина од 3,6 милијарди евра, или 6,4% повеќе отколку во јули 2022 година кога должеле 3,4 милијарди евра.
Домаќинствата се задолжувале преку потрошувачките кредити, кај кои растот на годишно ниво изнсува 6,2%, станбените кредити кај кои растот е од 11%, и автомобилските кредити каде што има раст од 14,8 %.
Интересно е што кредитите одобрени на кредитни картички се намалиле за 1,6 % на годишно ниво, а намалување има и кај негативни салда на тековни сметки одосно „дозволен минус“ од 2,8%.
Годишниот раст на вкупните депозити изнесува 11,1 процент и се објаснува со зголемувањето на депозитите на двата сектора, со малку поизразен придонес на секторот „домаќинства“.