Живи, здрави и среќни се руските истражувачи кои на себе тестирале вакцина против ковид-19
Гинцбург не кажа колку луѓе ја примиле вакцината, која користи ослабен вирус за да испорача мали делови од патогенот и да поттикне имунолошкиот одговор. Тој изјави дека вакцината ја примиле широк спектар од оние кои работеле на вакцината, предклинички истражувачи и технолози.
Руските истражувачи кои работат на вакцина против новиот коронавирус, развија имунитет на инфекцијата откако ја проверија на себеси.
– Научниците од Истражувачкиот центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“ не работеа толку многу на тестирањето, колку што работеја на заштита за да можат да продолжат да работат – изјави директорот на тој центар, Александар Гинцбург, пренесе „Москва тајмс“.
– Сите се живи, здрави и среќни – рече Гинцбург на прашањето дали тие имаат несакани ефекти.
– Сите што беа вклучени во развојот се заштитени – појасни тој.
Гинцбург не кажа колку луѓе ја примиле вакцината, која користи ослабен вирус за да испорача мали делови од патогенот и да поттикне имунолошкиот одговор. Тој изјави дека вакцината ја примиле широк спектар од оние кои работеле на вакцината, предклинички истражувачи и технолози.
Истражувачкиот центар ги чека резултатите од тестовите направени на мајмуни со цел да побара дозвола од Министерството за здравство да почне клинички испитувања врз луѓе, посочи Гинцбург.