ЖИВЕЕШЕ 117 ГОДИНИ Почина монахињата Ина Канабаро Лукас, најстариот човек во светот

Својата духовна кариера ја започнала на 16 години, кога влегла во училиштето на сестрите Терезијан, а на 26 години станала монахиња.

91

Бразилката Ина Канабаро Лукас, која беше прогласена за најстара личност на светот, почина на возраст од 117 години.

Таа почина во Конгрегацијата на сестрите Терезијан во Порто Алегре, каде што ги помина последните години, објави БФМ.






Ина стана најстарата личност на светот по смртта на Јапонката Томико Итока во јануари, која почина на 116 години.

„Канабаро Лукас имаше 116 години и 326 дена во времето на нејзината смрт“, објави Конгрегацијата на сестрите Терезијан.

Лукас беше родена на 8 јуни 1908 година.

Својата духовна кариера ја започнала на 16 години, кога влегла во училиштето на сестрите Терезијан, а на 26 години станала монахиња.

Во текот на својот живот таа служела како учителка и како секретарка. Во 2018 година, на речиси 110 години, добила апостолски благослов од папата Франциск.

Лукас е втората најстара калуѓерка во историјата, по Французинката Лусил Рандон, која живеше 118 години.

По смртта на Лукас, најстара личност во светот сега е Англичанката Етел Катерам, која моментно има 115 години и 252 дена, покажуваат податоците на Геронтолошката истражувачка група (ГРГ).

 

Поврзани содржини