ЖИВЕЕ ВО ХОТЕЛ ОТКАКО ТАТКО Ѝ ЈА ИСФРЛИЛ ОД ТЕСТАМЕНТОТ Ќерката на Хулк Хоган ја поддржува одлуката на легендарниот борач

Неодамна пејачката Брук Хоган за првпат јавно проговорила за тоа што не е вклучена во тестаментот на нејзиниот татко кој наводно вреди 5 милиони долари.

101

Пејачката Брук Хоган неодамна откри дека таа и нејзиното семејство моментално живеат во хотел откако биле изоставени од тестаментот на нејзиниот татко, легендарниот борач Хулк Хоган. Иако, како што пишува Page Six, ситуацијата сепак не е толку лоша.

– Ние сме во Мајами. Мојата сопруга потпиша договор со Sobe Entertainment, издавачка куќа за која работеше порано. Тие снимија околу 14 песни за 10 дена, вели нејзиниот сопруг, Стивен Олески.






Семејството има рутина и не страда поради промените

Овој поранешен професионален играч на хокеј додава дека тој начин на живот не им е туѓ:

– Играм професионален хокеј 14 години, а нејзините чести патувања нè подготвија за овие околности. Не е ништо ново за нас. Имаме омилен ресторан во кој сакаме да одиме, а близнаците Оливер и Моли и јас имаме добра рутина.

Брук претходно се пофали на Инстаграм дека работи на нова музика, споделувајќи снимки од студиото.

Реакција на изоставувањето од тестаментот

Претходно овој месец, Брук првпат проговорила јавно за тоа што не е вклучена во тестаментот на нејзиниот татко, кој наводно вреди пет милиони долари:
– Неговата одлука не ме изненади. Што си барав, тоа си добив. Стојам зад неа. Татко ми знае дека сум вредна и дека преживувам без негови пари многу, многу долго време – рекла Брук.

Единствен наследник е братот Ник

Братот на Брук, Ник Хоган, е наведен како единствен наследник на имотот на Халк.

Да потсетиме, Хулк Хоган (вистинско име Тери Болеа) почина во јули оваа година на 71-годишна возраст, откако доживеа срцев удар. Тој исто така се бореше со леукемија и имаше историја на атријална фибрилација.

Поврзани содржини