📽 ЖИВЕЕ ДО МЕТРО СТАНИЦА И СЕКОЈ ДЕН ГЛЕДА СТРАШНИ СЦЕНИ Нема да верувате колку плаќа кирија

Ова е мојот кревет во кој спијам секоја вечер, а ова е железничката станица Миртл/Бродвеј. Се надевав дека завесите ќе помогнат, но не бев во право. Преку ден само ја пуштам музиката малку погласно, а навечер едноставно чекам превозното средство да си замине и се обидувам да заспијам пред да дојде следното - вели овој човек покажувајќи кон возот кој доста гласно влегува во станицата и сѐ се случува на неколку чекори од неговиот прозорец.

457

Во денешно време целта на секој од нас е да си го најде својот дом. Малкумина имаат финансиски средства да купат стан или куќа и се принудени да изнајмуваат простор за живеење. Цените што се даваат месечно за покрив над глава се шарени низ целиот свет. Меѓутоа, во некои градови тие се толку високи што за многумина се недостижни.

Таква е ситуацијата на Бродвеј во Америка, иако многумина ја сметаат за „ветената земја“. Еден млад човек покажа како изгледа неговото место за живеење за речиси две илјади долари (1.900 евра).






Снимката од серијата на „HBO“ – „How About John Wilson“ стана вирална откако еден човек им откри на гледачите на шоуто каде живее. Тој ги покажа деталите за својот дом, вклучувајќи ја и спалната соба која се наоѓа веднаш до метрото на Бродвеј.

– Ова е мојот кревет во кој спијам секоја вечер, а ова е железничката станица Миртл/Бродвеј. Се надевав дека завесите ќе помогнат, но не бев во право. Преку ден само ја пуштам музиката малку погласно, а навечер едноставно чекам превозното средство да си замине и се обидувам да заспијам пред да дојде следното – вели овој човек покажувајќи кон возот кој доста гласно влегува во станицата и сѐ се случува на неколку чекори од неговиот прозорец.

Коментарите не престанаа да се нижат, а многумина рекоа дека знаат за кој стан станува збор.

„По ѓаволите, се прашувам колку пати сум погледнал во собата на овој човек“.

„Често гледам низ прозорецот на овој човек. Кажи му да ги напои тие растенија зад завесата“, беа само дел од коментарите.

Други со сличен проблем му дадоа предлози како да ја намали бучавата.

„Во прозорецот стави картон, одозгора додајте изолациона пена, а потоа темни завеси“.

„Прозорците со три стакла значително би ја намалиле бучавата“, беа коментарите на оние кои се соочуваат со сличен проблем.

По овој дел од шините на метрото, кој се протега над Бродвеј, возовите минуваат многу блиску до становите каде што патниците можат да видат внатре во нив, особено навечер кога светлата се вклучени. Во Бродвеј цените за изнајмување на вакви станови се движат од 1.900 до 2.300 евра месечно, што е уште пошокантно со оглед на лошите услови.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by openigloo (@openigloo)

Поврзани содржини