ЖИВЕАТ ВО СЕЛО, А ОД ОТПАД ПРАВАТ НАКИТ И ДЕКОРАЦИИ Семејство со 3 деца си го нашло мирот во Шлегово

Нашата креативност е наше најмоќно оружје против отпадот! Вака вели Елена Арсовска, која со сопругот и трите деца пред пет години дошла во планинското село Шлегово. Својата храна ја произведуваат сами или ја собираат од природата, а ја штитат така што од пластични шишиња изработуваат накит, но и други декорации од рециклирана пластика, облека и хартија!

1,899

Триесет и тригодишната Елена Арсовска и нејзиното семејство, сопругот Дарио и трите деца од пред нешто повеќе од пет години живеат во село Шлегово, во близина на Кратово.

Шлегово се наоѓа на околу 800 м н. в., има околу 200 жители, опколено е со ридови и планини и прекрасна и богата природа.






„Некогаш било многу богато и модерно село и изобилува со прекрасна стара архитектура и интересни приказни, обичаи, легенди, цркви и други свети места“, раскажува Елена која е родена токму тука, во истото ова село во кое се вратила да живее со семејството.

Елена слика уметнички слики, изработува различни ракотворби, декоративни предмети, накит и икони, но најмногу, вели, живеат од продажбата на накит.

Останатото, вели таа, на некој начин се подразбира, така е секаде во селата, сите си имаат свои обврски, можеби потешки физички активности, но и поедноставен, поспокоен и посреќен живот од градскиот.

Елена е најмногу посветена на изработката на накит и го изработува во повеќе техники, со повеќе видови на материјали, а она заради што ја побаравме деновиве е нејзиниот накит од пластични шишиња. Нејзиниот мал придонес кон заштита на животната средина, на природата која таа и нејзиното семејство толку многу ја сакаат.

Целиот текст прочитајте го на порталот „МАЈКА И ДЕТЕ“.

Поврзани содржини