Жителите на Вухан на спектакуларен начин ја прославија слободата ВИДЕО
Спектакуларна прослава подготвија властите од кинескиот град Вухан откако беше прогласена победа над коронавирусот.
По цели 76 дена целосна изолација, кинескиот град Вухан од каде што и потекнува коронавирусот, конечно прогласи „слобода“, односно победа над болеста.
Строгиот карантин во овој 11-милионски град траеше полни 11 недели, а кинеските власти сега конечно им дозволија на жителите на Вухан слободно да се движат.
Според официјалните статистики, во овој град беа регистрирани 82.000 позитивни случаи на ковид-19, како и 3.300 смртни случаи.