ЖИТЕЛИТЕ НА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ И БЕЗ СТРУЈА И БЕЗ ВОДА Најавени прекини поради реконструкција
Од 9 до 11 часот утре без струја ќе бидат делови од Ново Село во општина Ѓорче Петров, дел од Карпош и селото Маркова Сушица, а поради реконструкција на водоводната мрежа од 9 часот без вода ќе биде населбата Ѓорче Петров 2.
Според добиено известување од „ЕВН Македонија“ АД, без електрична енергија утре ќе останат делови од општините Ѓорче Петров, Карпош, Студеничани, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.
Од 9 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците број „2“, „4“, „6“, „10“, „12“, „16“, „18“, „32“, „34“, „46“, „54“, „62“, „64“ и „84“ во селото Ново Село, општина Ѓорче Петров.
Од 11.30 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Никола Тесла“ број 16 и број 18, како и корисниците од улицата „Орце Николов“ број 174 во општина Карпош.
Додека во општина Студеничани, во периодот од 13 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од село Маркова Сушица, лоцирани на почетокот на селото кај ресторанот.
Без вода утре ќе останат корисници од општина Ѓорче Петров, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.
Поради реконструкција на водоводна мрежа на улицата „Ѓорче Петров“ без број, во периодот од 9 часот па сѐ до завршување на работата, без вода ќе останат корисниците од населба Ѓорче Петров 2, како и дел од корисниците од улицата „Борис Сарафов“, лоцирани на место викано „Јурија“.