Жителите на Ново Маало со петиција бараат изградба на комплексот кај „Холидеј Ин“

За само еден ден успеавме да собереме 250 потписи од сопственици на имот и со оваа петиција, даваме целосна поддршка на инвеститорот, а преку истата , и најостро ги осудуваме најавите и барањата на поединци, организации и институции за стопирање на проектот.

1,371

Жителите од Ново Маало викендов масовно собирале потписи за петиција со која бараат Општина Центар и Владата да постапат согласно законите и да овозможат изградба на комплексот кој е предвиден да се гради на паркингот на „Холидеј Ин“, информираат жителите од Ново Маало.






– За само еден ден успеавме да собереме 250 потписи од сопственици на имот и со оваа петиција, даваме целосна поддршка на инвеститорот, а преку истата , и најостро ги осудуваме најавите и барањата на поединци, организации и институции за стопирање на проектот. Крајно сме револтирани од предлозите за суспензија на планот и притисокот за ова кој го прават луѓе кои живеат во удобни домови, наспроти жителите на Ново Маало кои со децении живеат во услови кои ни одблиску не наликуваат на хумано домување – велат жителите на Ново Маало.

Тие најавија дека доколку дојде до таква постапка, подготвени сме да излезат на протест, да ја блокираат работата на Општина Центар, како и да поднесат тужба до надлежните органи за претрпена штета од 1930 до 2021 година, но и до Стразбур.

– Ги известуваме и останатите сопственици на имот кои не дошле до информација за петицијата, а сакаат да се потпишат на истата, да се обратат на меил адресата [email protected]  за да го изразат својот интерес – велат жителите на Ново Маало.

Поврзани содржини