📽 ЖИТЕЛИТЕ НА НОВО ЛИСИЧЕ СЕ РАЗБУДИЈА ВО ПАНИКА Две возила изгореа на паркинг

Министерството за внатрешни работи извести дека утринава во 6.33 часот во СВР Скопје пријавено е дека на подрачје на општина Аеродром настанал пожар во возило „пежо“, сопственост на Т. С. и патничко возило „санг јонг“, сопственост на К.Х.

469

Рано утрово, жителите на Ново Лисиче ги разбуди сирената на противпожарната бригада, бидејќи од засега непознати причини, изгореа патнички автомобили на паркинг просторот во близина на некогашната полициска станица, објави А1ОН.

Пожарот бил забележан од жителите на околните згради кои ја алармирале противпожарната служба, која интервенираше со едно возило и го изгасна пожарот.






Министерството за внатрешни работи извести дека утринава во 6.33 часот во СВР Скопје пријавено е дека на подрачје на општина Аеродром настанал пожар во возило „пежо“, сопственост на Т. С. и патничко возило „санг јонг“, сопственост на К.Х.

Пожарот се случил на паркинг простор во скопската населба Ново Лисиче.

Причинaтa за пожарот засега е непознатa, а од полицијaта велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини