ЖИТЕЛИТЕ НА НЕКОИ ЗЕМЈИ СЕКОЈА ГОДИНА СТАНУВААТ ПОБОГАТИ Во топ 10 се најдоа и Унгарците

Во вредноста на имотот се вклучени финансиските средства како што се депозитите и акциите, како и вредноста на недвижностите намалени за долговите.

170

Најголем раст на вредноста на имотот на населението во периодот од 2010 до 2023 година е забележан во Казахстан, Кина и Катар, пишува хрватскиот весник Пословни лист.

Во вредноста на имотот на населението се вклучени: финансиските средства (депозити, акции…), како и вредноста на недвижностите намалени за долговите.






Казахстан се најде на  врвот благодарение на силниот раст во секторот на недвижности и експлоатацијата на природните ресурси, што го зголеми богатството на граѓаните.

Кина доживува извонреден раст на богатството поттикнат од економскиот развој и проширувањето на пазарот, додека Катар користи богати ресурси како гас и нафта за да ја зајакне финансиската стабилност на своето население.

Во првите 10 земји на листата се: Казахстан, Кина, Катар, Израел, Индија, Хонг Конг, Индонезија, САД, Чешка, Унгарија.

Поврзани содржини