Жителите на населба „Јака“ денеска од 11 до 13 часот протестираат со возила во движење низ општина Илинден, во знак на револт поради тоа што општината ги игнорира проблемите со кои се соочуваат: немање канализација, непробиени и неасфалтирани улици, немање јавен превоз, немање улично осветлување.
Протестот трае континуирано веќе цел месец, по еден ден во неделата и досега беше пред зградата на општината. За цело време на протестот, градоначалникот Стојановски ниту еднаш не излезе да им се обрати на жителите на „Јака“.