Жителите на Аеродром и Ново Лисиче повторно имаат парно

Од компанијата велат дека дефектот на електроенергетската мрежа е отстранет во рок од 50 минути, по што за кратко време беше нормализирана испораката на топлинска енергија до потрошувачите.

238

Компанијата БЕГ соопшти дека е отстранет дефектот поради кој во прекин беше испораката на топлинска енергија во Ново Лисиче, Аеродром, Кисела Вода и Центар.

– Прекинот на испораката на топлинска енергија во тек на денешниот ден не се должи на дефект во топлана Исток. Дефект на електроенергетската мрежа во реон на Гази Баба, на која е приклучена топлана Исток, беше причината за прекин на испорака на топлинска енергија кон потрошувачите на Ново Лисиче, Аеродром, Кисела Вода и Центар – се наведува во соопштението на БЕГ.






Посочуваат дека дефектот на електроенергетската мрежа е отстранет во рок од 50 минути, по што за кратко време беше нормализирана испораката на топлинска енергија до потрошувачите.

Поврзани содржини