ЖИТЕЛИТЕ МАСОВНО ГО НАПУШТААТ МАРИУПОЛ Сѐ уште не се знае бројот на жртвите во театарот
Денеска и вчера и покрај континуираното гранатирање максимално се расчистуваат урнатините и се спасуваат луѓето.
Локалните власти на Мариупол денеска соопштија дека градот досега го напуштиле околу 30.000 жители, како и дека не е можно да се утврди бројот на жртви од воздушниот напад врз театарот.
Денеска и вчера и покрај континуираното гранатирање максимално се расчистуваат урнатините и се спасуваат луѓето. Бројот на жртвите сè уште се утврдува, се наведува во соопштението на Градскиот совет.
Русија негираше дека имало бомбардирање на театарот. Според украинските локални власти, околу 1.000 до 1.200 луѓе се криеле во засолништето во театарот, претежно жени и деца.
Во Мариупол, според локалните власти, има повеќе од 350.000 луѓе, а 90 отсто од зградите во градот се уништени поради секојдневното руско бомбардирање.
Претходно, Плусинфо пренесе непотврдени информации дека била пробиена последната одбрана на градот Мариупол во Јужна Украина и дека тој паднал во рацете на чеченските специјални сили.