ЖИТЕЛ НА СЛАТИНО ПРОБОДЕН СО НОЖ Го нападнале двајца во близина на обложувалница

406

Жител на Слатино е повреден откако го нападнале двајца со остар предмет, вчера во Охрид, соопшти полицијата.

Вчера во 23.45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во Општата болница во Охрид со повреди од остар предмет бил примен И.М.(30) од село Слатино, општина Дебрца.






Според пријавеното, во близина на спортска обложувалница на улицата Гоце Делчев во Охрид бил нападнат од две лица, кои со остар предмет му нанеле убодни рани.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини