Жител на Отља работел на резервоар за вода, но го затрупала земја и починал

484

Жител на село  Отља, Општина Липково, починал вчера откако го затрупала земја – потврди МВР.

– А.С (70) работел на санација на резервоар за вода која ја користел за сопствени потреби, влегол во ископот длабок околу четири метри, при што бил затрупан од околната земја и починал на лице место. Настанот се случил вчера во 14:30 часот во атарот на село Отља  на местото викано „Краиште“ – велат од МВР.






Од полицијата информираат дека бил завршен увид од увидна екипа од СВР-Куманово.

По наредба на Јавниот обвинител, телото на починатиот било дадено на семејството за погреб.

Поврзани содржини