ЖИРУ НАЈАВУВА ПЕНЗИЈА? Французинот откри кога ќе се збогува од репрезентацијата

Триесет и седумгодишниот фудбалер за француската репрезентација настапува од 2011 година. За тимот одигра 128 натпревари и постигна 56 голови. 

72

Францускиот фудбалер Оливие Жиру призна дека Евро 2024 може да биде неговиот последен турнир за националниот тим.

– Не правам никакви планови освен краткорочни. Најважно е да бидеме фит и конкурентни, целта е претстојното Европско првенство. За малку ќе го освоивме Еврото во 2016 година и тоа е трофејот што би сакал да го освојам со Франција. Ова можеби е мојот последен турнир, но не можам да ви кажам што ќе се случи потоа – изјави Жиру за „TeleFoot“.






Триесет и седумгодишниот фудбалер за француската репрезентација настапува од 2011 година. За тимот одигра 128 натпревари и постигна 56 голови.

Франција на Европското првенство 2024 година ќе игра во Д-групата со Австрија, Холандија, и бараж А победик.

Поврзани содржини